Кошарка Спорт

МЗТ Скопје го продолжи очајот на Осиек (ВИДЕО)

МЗТ Скопје ја заокружи четвртата рунда во АБА2-лигата со триумф против домаќинот на турнирот Осиек со 73-83.

„Металците“ по првото полувреме имаа негатива од 43-37, но веќе во третиот период го свртеа натпреварот во своја корист. Нашиот шампион ја стартуваше последната четвртина со серија од 8-0, кога го направи клучниот исчекор кон триумфот од 73-83.

Дастин Вер беше најефикасен кај тимот од скопската населба Аеродром со 22 поени, Немања Милошевиќ постигна еден помалку, додека Хуан Дејвис го заврши натпреварот со 18 поени. Кај хрватскиот состав, Џорџе Топаловиќ најмногу се истакна со 18 поени и 10 скока.

По четири одиграни кола МЗТ Скопје има три победи и еден пораз, доволно за третото место на табелата, додека Пелистер има еден триумф и три порази и се наоѓа на претпоследното 13-то место на табелата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Секунди ја делеа Македонија од триумф над Велс

Дејан Дејан

Трилер завршница во Скопје: Миовски погоди во 91.минута, Велшаните се спасија во последната секунда

Дејан Дејан

Македонија против Велс: Клучен дуел во мундијалските квалификации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе