Македонија мора веднаш да почне да инвестира во енергетскиот систем и производствените капацитети за да ја намали зависноста од увозот. Цената на струјата е ниска и затоа енормно се троши. Таа мора да поскапи но мора да се внимава на ранливите категории и мора да се фокусираме на енергетслка ефикасност. Ова се пораките кои денеска ги испрати директорот на Секретарјатот на европската енергетска заедница, Јанез Копач кој беше на средба со претседателот на регулаторна, Марко Бислимовски.
Цената на струјата е ниска и мора да се покачи за да се генерираат средства и да се почне со инвестирање во енергетскиот систем со што ќе се зголеми производството на електрична енергија и Македонија нема да биде зависна од увоз, смета Јанез Копач директор на Секретарјатот на европската енергетска заедница.
Потребата за инвестиции со енергетскиот сектор е една од причините поради која треба и ќе поскапи струјата, но притоа ќе мора да се внимава на ранливите категории.
Состојбата во Македонија можеше да биде многу подобра но во изминатите 10 години нема никакви инвестиции смета Копач. Доколку тој би ја креирал државната стратегија би се насочил кон обновиливите извори и енергетска ефикасност. Ниската цена е прилчината поради која во Македонија непотребмно се троши многу струја.
Високиот претставник на европската енергетска заедница најави дека нема да има сериозни санкции кон МПЕСО за огромното количество на струја кое се превзеде од европската енергетска мрежа но затоа ќе мора да плати големи суми поради високата цена.
Огнен Чанчаревиќ
