Вести Код Македонија Топ вести

КОД: До каде е истрагата за трагедијата во Бучим, семејствата на настраданите алпинисти ја чекаат вистината

Еден месец по трагедијата во силосите на Бучим, семејствата на двајцата загинати алпинисти се уште немаат никакви информации за текот и причинита на несреќата во која загинаа Зоран Мајсторски и Драган Станишков. КОД разговараше со најблиските на настраданите кои велат дека никој не им кажува како се случила несреќата и зошто не е стигнато на време да им се пружи помош и да бидат извлечени.

Во КОД вечерва и реконструкција на настаните во северниот силос на флотацијата во комбинатот за бакар Бучим. Видео материјали од претходните акции за чистење во кобниот силос.

Разговор на тема зошто работничките несреќи ретко добиваат брз епилог за откривање на причините на трагедиите на опасни работни места и позиции.

КОД е вечерва на Телма во 19:15.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе