Вести Култура

Со урбанистичката агресија јавниот простор е се’ помал

Зошто и како се случи намалувањето на јавниот простор, во конкретниов случај скопскиот плоштад и сите последици на урбанистичката агресија во јавниот простор се главните аспекти на истражувањето на АКТО, Фестивалот за современи уметности. Стеснувањето на јавниот простор води до стеснување и намалување на јавното мислење, а со тоа и на намалување на демократијата.

Во период од 30 години доаѓа до 70% проценти стеснување на јавниот простор на јавната површина на плоштадот Македонија . Со тоа се покажува дека човекот повеќе не зборува на отворено, туку најверојатно овој јавен живот е префрлен само на социјалните медиуми. А знаеме до каде стасевма со комуникацијата на овој виртуелен простор, вели Ивана Васева, АКТО

 

Врската на агората, јавниот простор и правото на говор, дали плоштадот е простор за разговор дијалог  или е простор кој се уште поларизира, вели Филип Јовановски, АКТО 

За архитектката Дивна Пенчиќ, која е воедно и нов советник  во Град Скопје урбанизмот не е само градење и пополнување на градот, туку многу повеќе квалитет на јавниот простор.

Уште малку простор остана и сега и тој треба да го заштитиме и во јавните простори треба да понудиме подобар квалитет. Она што е интересно е како да немаме некоја јасна слика што со тој јавен простор. Јавниот простор не е само да поминете и да отидете до првото кафуле или првата кафана и да си го паркирате возилото, туку напротив тоа е место каде што треба да се одвива градскиот живот.  Јавниот простор е дневната соба на градот, смета проф. д-р Дивна Пенчиќ,  

Според Пенчиќ јасни се критериумите за оценка на добар јавен простор и тие лесно може да се проверат во секое време. На секој простор без оглед на финансискиот влог треба да му се даде душа и континуирани дебати за квалитетот на слободата на говор во истиот тој простор, сметаат нашите соговорници.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓународната агенција за атомска енергија на вонредна седница по нападот врз нуклеарната централа барака во Обединетите Арапски Емирати

Tea Dimkovska

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

Kristina Kuzmanovski

Експертска група подготвува мерки за обнова на моликата на Пелистер

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе