Култура

Премиера на „ Мајстор за спомени“, во МКЦ

Во понеделник во Младинскиот културен центар, во 20 часот, ќе биде изведена премиерата на претставата „ Мајстор за спомени“. Претставата е по текст и во режија на Јане Спасиќ, а во продукција на независната театарска група „Артопија“.

  • Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија што се состојат од менување на сеќавањата, влијае врз неговите пациенти,  но полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува спомените, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот“, велат за претставата од „Артопија“.

Во претставата играат актерите: Ненад Митевски, Елена Кузманов, Мартин Јорданоски, Бојан Кирковски, Симона Спировска и Анастасија Аневска. Сценограф е Мартин Манев, а костимографијата е на Бранкица Јордановска. Дизајнер на светлото е Владимир Димоски, а музиката ја компонираше Дарија Андовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Филмски журнали снимени во Македонија, пред 70 години, станаа дел од колекцијата на Кинотека

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе