Кошарка Спорт

ТФТ декласиран во Израел со 39 поени разлика

ТФТ Скопје доживеа убедлив пораз од 102-63 на гостувањето кај Ирони Нахарија во рамки на БИБЛ-лигата.

Скопјани резултатски се држеа само во првата четвртина, која заврши со резултат 18-18. Потоа на теренот постоеше само една екипа, па Израелците набрзо направија и предност од +20 поени, а на полувремето резултатот гласеше 47-34. Во вториот дел ништо не се смени, па Ирони Нахарија само ја зголемуваше предноста, која во последниот период дојде до 40 разлика. Во финишот нашиот тим постигна поен и конечниот резултат гласеше 102-63.

Долев Драпиц со 21 поен беше најефикасен кај домашниот состав, додека кај ТФТ најмногу се истакна Ландриус Хортон со 14 поени, додека Александар Костоски постигна еден помалку.

Тимот од скопската населба Тафталиџе сега има скор од една победа и два порази во рамки на групата Б во Балканската лига, а следната недела гостува во Бугарија каде треба да одигра два меча со Академик Пловдив и Берое.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе