Култура

Нова постановка на „ Жизел“ во Националната опера и балет

По пауза од 22 години, романтичниот балет „ Жизел“, од Адолф Адам се враќа на репертоарот на Националната опера и балет. Премиерата е утре вечер во 20 часот.

Балетот „Жизел“, за првпат бил изведен во Скопје на 7 ноември 1956 година, а последен пат во 1999 година, според кореографијата на Леонид Лавровски. Најновата адаптација е на поранешната примабалерина Ирена Пасариќ, од Хрватска.

Во насловната улога настапуваат првенките на НОБ, Марија Кичевска-Шокаровска и Мими Поп Алексова-Атанасова, а во улогата на Алфред ќе бидат првенците Василиј Чичијашвили и Бобан Ковачевски. На првата изведба утре вечер ќе настапат Кичевска-Шокаровска и Чичијашвили.

Балетот „ Жизел“, континуирано се поставува на светските сцени од 1841 година, до денес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе