Култура

Започнува шестото издание на фестивалот „ Киненова“

Во киното „Милениум“, вечерва во 20 часот свечено ќе биде отворено шестото издание на меѓународниот фестивал на дебитантски филм „Киненова“. На свеченоста ќе биде доделена наградата за особен придонес во филмската уметност, на актерот Мето Јовановски и постхумно на Сабина Ајрула Тозија.
Во рамките на отворањето на фестивалот, ќе биде прикажан филмот „Страхиња Бановиќ / As Far As I can walk“, на Стефан Арсенијевиќ. Филмот освои 5 награди на фестивалот во Карлови Вари годинава: за најдобар филм, за најдобар актер, специјално признание на рижито за камера, како и екуменското жири и од жирито на мрежата европски прикажувачи „Europa Cinemas Label“.
„Киненова“ и оваа година им отстапува простор на осум моќни, нови гласови чии филмови ќе се борат за престижните фестивалски награди.
–  Им отстапивме простор на две документарни остварувања кои обработуваат исклучително интересни теми. „Киненова“ е благонаклонета и кон помалите кинематографии, па имаме и еден филмски претставник од соседно Косово, кој е вистински прирачник за реализација на мал, но силен филм. Полската и грчката кинематографија се во наш редовен фокус, додека португалскиот филм ни приреди вистинско позитивно изненадување, велат организаторите на фестивалот.
Проекциите на филмовите се во киното „Милениум“ и Кинотека на Северна Македонија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд

Дејан Дејан

Отворен повик за наградата на ЕУ за Ромската интергација 2025

Дејан Дејан

Издадени романите „Смртта на девојчето со кибритчињата“ и „Додека ја преминуваш реката“ на Зоран Фериќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе