Вести Култура Македонија Топ вести

Мето Јовановски добитник на наградата на „Киненова“- во негова чест ќе се прикаже култниот „Тетовирање“

Актерот Мето Јовановски е годинашен добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност, што му ја доделува Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, чие годинашно издание започнува утревечер.

Јовановски учествувал во 60-тина филмски и телевизиски наслови, реализирани со познати домашни и режисери од регионот, за кои е добитник на многубројни награди и признанија. Освен наградата за Мето Јовановски,  „Киненова“ постхумно ги награди и актерите  Сабина Ајрула – Тозија и Љупчо Тодоровски – Упа.

-Јас сум еден од оние кои во овие години многу малку сакам да зборувам и не сум прифатил никаков настан да кажам било што, затоа што сите имаме по нешто да кажеме. Меѓутоа толку многу работи се кажани, а промени не гледам некакви, така што подобро е човек некогаш да одмолчи некои работи, повеќе би сакал да зборувам за проект кој сега се создава кога креативци, луѓе филмаџии ќе се соберат и ќе прават нов филм, проект, нешто ново да се понуди, но да не живееме на стара слава сакам да кажам, наведе Јовановски.

Во чест на лауреатот на „Киненова“ ќе биде прикажан филмот „Тетовирање“ на Столе Попов.

-За овој филм толку многу е зборувано, толку многу реплики се знаат и од помладите и од постарите, така што тоа како проект одживеало и сеуште живее, присутен е и овде и во просторите на поранешна Југославија. Повеќе би сакал да зборувам за проект кој сега се создава, креативци луѓе кои работат нов филм, да не живееме на стара слава. Награди добивам и овде и на просторите на поранешна Југославија и не се случило да одбијам награда. Тоа е дел од нашата професија-признанија, награди, аплауз…да ве застануваат на улица. Тоа е сепак присутност во јавноста, рече Јовановски и забележа дака во странство има  малку подобар однос кон луѓето кои се занимаваат со култура, не само актери, туку и уметници, музичари, наведе актерот Мето Јовановски.

Култниот филм „Тетовирање“ е прв домашен филм прикажан во независна Македонија, а сниман и продуциран во последните мигови на Југославија. Мето Јовановски го глуми главниот лик кој поради замрсените лавиринти на поранешниот социјалистички систем завршува во затвор. Многу од сцените се снимани во затворите во Шутка и во Идризово, а по 30-години притворската келија во  Шутка која беше филмска сцена конечно беше реновирана откако 3 децении ништо не се промени во неа и беше полна со притвореници.

Тогаш КОД заедно со Мето Јовановски беше во посета на затворот Скопје во келијата која го прикажуваше заминувањето на социјалистичката правда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски со тврдење: Украинската војска е прилично отпорна, најотпорна во Европа, големо мнозинство на Украинци се против отстапки кон Русија

Дејан Дејан

Зеленски: Не можам да ја продадам својата земја, САД испорачаа околу 100 милијарди поддршка, а бараат 500 милијарди во минерали, тоа е несериозно

Дејан Дејан

Трговците со реакција на одлуката на Владата, бараат итна средба со премиерот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе