Култура

Во МКЦ промоција на романот „Југослав“ од Ана Вучковиќ

Во киното „ Фросина“ , при МКЦ , вечерва ќе биде промовиран романот „ Југослав“ , од српската авторка Ана Вучковиќ. Промотори се Лилјана Пандева и Сашо Огненовски, кој го преведе романот, а модератор на настанот е Јулијана Величковска.

  • Овој роман е своевидна вивисекција на интимата внатре во општеството кое своите правила ги поставило на многу едноставен начин, рапсодија на деструкцијата и несфатеноста, која никако да запре, и интерпретација на едно „друго тело“ што кореспондира со суровоста и отуѓеноста, вели преведувачот Сашо Огненовски.

„Југослав“ е една елегична поема за заедничкото време што авторката го поминала со својот татко, со посебен акцент на времето поминато во убиената Југославија, вели рецензентот на романот, Срѓан Средиќ.

Ана пишува за недостигот на работите за кои обично не мислиме дека толку ќе ни недостигаат. Може ли, воопшто, на човекот да му недостига нешто што не го ни имал? Може ли да ни недостигаат доживувања и чувства што допрва ќе ги доживееме и почувствуваме или, пак, оние што никогаш и нема да ги доживеееме? Секако дока може. Кога ќе изгубиме некого или нешто, како што вели таа, со него си одат и неговите манири, начините на кои нешто работел, неговиот мирис. И тогаш сме по малку љубоморни на сите луѓе на таа возраст што ја имаат среќата уште да се тука, вели рецензентката Оливера Лазаревиќ

Ана Вучковиќ  е родена 1984 година во Белград. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности на отсекот за драматургија, а магистрирала на филмологија. Нејзината писателска кариера ја започнува на петнаесетгодишна возраст во 1999 г. кога за краткиот расказ „Нишалка“ ја добила наградата „Борислав Пекиќ“. Авторка е на романите: „Епохата пцовиса вчера“ (2003), „Ласт’н’даст“ (2004), „Сурфинг Србија“ (2021) и „Југослав“ (2019), како и на збирката раскази „ Кадифениот солитер“ (2007). Со својот прв роман и со романот „Југослав“ беше во потесен круг за НИН-овата награда, додека, со збирката раскази „Плишениот солитер“ беше во потесен круг за наградата „Исидора Секулиќ“. Таа е новинар во Радио Белград, пишува колумни за „Сити магазин“ и уредник е на повеќе емисии на Радио Апарат ‒ алтернативна радиостаница во Белград.

Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните протоколи за организирање настани во затворен простор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Уникатна изведба на „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугарија

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Македонската во заедничка изведба со Софиската филхармонија и Симфонискиот оркестар од Солун на „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе