Економија Топ вести

Вториот блок на РЕК Битола е „во функција“ ама уште не испорачува струја во мрежата

Владата и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, најавија дека од денеска е пуштен во работа и вториот блок во РЕК Битола но според информациите на Телма тој сѐ уште не е приклучен на мрежата и не испорачува електрична енергија.

Ставен е во функција. А кога велиме ставен е во функција започнува процедурата и се очекува по извесно време да ја испорача и потребната количина во системот, велат од РЕК Битола за Телма.

Кога точно ќе биде приклучен на мрежата и ќе испорача електрична енергија, нема прецизна инфромација.

Во моментов, според нашите инфромации, отстапувањето од производството и увозот со потрошувачката е дури 332 мегавати, струја која МЕПСО ја превзема и за која ќе треба да плати над 60 илјади евра. А тоа е само за еден час.

Додeка Владата и ЕСМ смируваат, МЕПСО го вклучи алармот дека е можно да биде санцкиониран поради енормното и ненајавено повлекување на струја од Европската електрична мрежа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

До каде се ветените средства за споменикот на 63-те загинати – прашање на родителите од Здружението „16 март“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе