Вести Код Македонија Топ вести

КОД: Како девојчиња со потекло од Македонија завршуваат во ИСИС со тежок пат за враќање, ексклузивно Лејла Рида Сеари од Сирија

Во второто продолжение на тема „Радикализација и ресоцијалзиација на повратници од Исламска држава“ КОД за повеќе информации, наоѓа директен извор.

Леила Рида Сеари е на границата меѓу Сирија и Турција, а цела деценија со семејството се бори за нова хумана Сирија без Асад. Родена е во Штип, каде се уште има роднини, живеела во Пула, но се омажила во татковината на својот татко Сириец. Вели дека погрешната слика пратена од пропагандните канали на Исламска држава, привлекла и многу млади несвесни за состојбите во Сирија.

-Јас бев во контакт со родители на тинејџерки кои биле во ИСИС. Главно не се регрутирани во Македонија туку во западна Европа. Тие се по потекло од Македонија. Биле регрутирани во тајност од нивните родители. Доаѓале во сирија преку Турција. Главно се тинејџерки. Зборуваме за девојчиња на возраст од 15-16 години, кои немале точна претстава што се случува таму и секако дека биле шокирани од случувањата во Сирија, изјави за КОД Рида Сеари.

Таа објаснува дека излегувањето е многу тешко, поради борбите и разурнувањата во Сирија, но, и затоа што ИСИС е организација која не дозволува напуштање.

-После тоа (девојчињата) сакале да се вратат, но ИСИС е некој вид на мафија. Влез може, но излегувањето е многу тешко. Дури и по падот на она што го викаме „Исламска држава“ не беше лесно да се напушти Сирија. Некои се уште таму. Не се знае каде се моментално, во кои кампови. Некои завршиле во кампови на Курдите, некои завршиле во делот под Асад. Некои, со среќа, успеаја да се вратат или во родната земја, во Македонија, или во државите каде нивните родителие имаат престој, како што се Белгија или Франција, ни рече Леила Рида Сеари која со години се наоѓа во Сирија и во пограничниот дел на Турција.

Во КОД вечерва и истражување за парите со кои се финансира ресоцијализацијата и дали имало обид државни службеници да го преземат донаторскиот фонд наменет за невладините организации кои се во директен контакт со повратниците. 1,3 милиони долари се дадени на два НВО конзорциуми за тригодишни активности со вкупно 154 повратници или припадници на ИСИС од државата.

Емисијата КОД е вечерва (недела 10.10.2021.) во 19:15.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нерешено меѓу уставните судии за независните листи, ќе пресуди Данева

Дејан Дејан

Дванаесет години без идентитет: Тинејџерка конечно доби извод од матична книга

Дејан Дејан

Лотарија веќе платила 400 илјади евра за салата за свадби и прослави во Визбегово, бегалецот Перпарим Бајрами доби нова кривична пријава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе