Светскиот рекет број1 во машка конкуренција се откажа од настапот на претпоследниот турнир од Мастерс серијата што ќе се одржи во Индијан Велс.
“Жал ми е што нема да можам да ги видам моите навивачи во Индијан Велс, кој е еден од моите омилени турнири. Се надевам дека следната година повторно ќе се сретнеме”, напиша Ѓоковиќ на својот профил на Твитер.
Српските медиуми уште вчера најавија дека Ѓоковиќ ќе се откажа од настапот во Индијан Велс. Првиот тенисер на светот во моментов е во Белград и дека наводно поради замор не тренира веќе извесен период.
“Разочарани сме што Новак нема да биде дел од турнирот, но се надеваме дека тој веќе следната година ќе биде до нас”, изјави директорот на турнирот Томи Хас.
Турнирот во Индијан Велс традиционално се одржува во почетната фаза од сезоната, но овој пат терминот беше поместен поради пандемијата со коронавирусот и ќе се одржи во периодот од седми до 17 октомври.