Заложници, држени под присила, млади од далечна земја, во Mакедонија биле жртви на трговија со луѓе, но од тајванските власти осомничени за измами со пари. Тука никој со месеци не ги забележал.
Зад ѕидовите на објекти близу Скопје се криела вистината. Земјава била одбрана само како поволна локација од каде 42-ца Тајванци ќе вршат измами по телефон, работеле во импровизираните кол центри и од тука врбувале луѓе во Азија.
Вкупно биле приведени 42 ца и тоа во една од куќите биле сместени 13 а во друга 29 тајванци. Се работело за луксузни вили кои според она што е објавено подоцна во тајванските медиуми една од нив имала и базен.
Но полицајците затекнале хаос, луѓе кои спијат на душеци по земја стуткани еден до друг, а дури и дел од храната и лековите кои биле затекнати биле донесени од Тајван. (сторијата продолжува по долниот линк за целата емисија)
Опремета која ја користеле за јавување во нивната земја или Кина исто така била донесена од таму.
При претресот биле запленети 62 мобилни телефони, 35 сим картички, лаптоп таблет двд плеер пасоши и 30 илјади евра.
Што уште откри новинарката Билјана Николовска гледајте вечерва во КОД.
Почнува новата сезона на емисијата.
Во КОД вечерва и за ерменската дипломатска афера, зошто дипломатите на МНР се однесувале како тајни агенти, поради што се криеше најголемиот скандал на македонската дипломатија, кои се вклучените луѓе во аферата која е откриена откако дипломат од Македонија е уапсен во Врање.
Емисијата е вечерва во 19:15, по Вести, Спорт и Метео на ТВ Телма.