Култура

Македонските евергрини во изведба на Тамара Тодевска – восхит и носталгија за музиката на едно време

Се оствари уште еден сон од моето детство да настапам со македонските евергрини  и тоа токму под диригентската палка на маестро Џијан Емин, вели Тамара Тодевска.

Носталгија и восхит кон сето она што беше белег на едно време и виртуозите во него.

“Едно одбележување на некое заборавено време на македонски музички великани како Нина Спирова, Димитар Масевски, Шпато, потсети ме ако нешто заборавам. Еден музички времеплов, песни кои мене вистински ми лежат на душа” – вели Тодевска

За публиката концертот беше ретка можност  да ги слушне  незаборавните „Нека мине се“,  „ Зборувај ми за Скопје“ , „Молчи молчи љубов моја“, „Приспивна за реката“ и многу други во изведба на Тамара Тодевска, Биг Бендот на Здружението на џез музичари и музичари од Филхармонијата.

Вистина не е нималку лесно да се направи секогаш вистинскиот избор на композиции , затоа што има мноштво фантастични композиции, вели Џијан Емин.

 “Се обидов да направам избор на композиции кои одговараат на сензибилитетот на Тамара, бидејќи таа е фантастична, специфична и сериозно оригинална, прекрасен вокал и навистина ми е драго што го направивме овој концерт заедно со неа. Во однос на аранжманите кога им кажував на другарите реков како да пристапат им реков другари правиме концерт во стилот на Џемс Бонд и Џарлс Бронсон и нешто како Нино Рота, некоја комбинација во македонски фазон” – вели Џијан Емин.

Концертот „Македонски евергрини“ е во рамките на одбележувањето на трисетгодишнината од независноста на Македонија и ќе биде целосно емитуван на Телма на 12 септември.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Благоја Чоревски: 90% од нашата администрација е неука

Дејан Дејан

Телевизија Телма во посета на „Unifrance Rendez-Vous“ во Париз еден од најголемите светски пазари посветени на француската кинематографија и аудиовизуелните дела

Дејан Дејан

Тамара Ристоска избрана да учествува на програмата за таленти на Берлинале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе