Култура

„Љубојна“ со концертен настап го отвара фестивалот „Крај Вардарот џез“

Со концертна промоција на најновиот материјал од винилот „Стела“ за истоимениот филм во режија Стојан Вујичиќ, во продукција на „Дрим фактори,  „Љубојна“ која годинава прославува 20 години јубилеј ќе го отвори второто издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“. „Стела“ е прв македонски филмски саундтрак кој е издаден на винил.

-Издавање музика на винил покажува една висока доза на детерминираност, висока љубов кон она што го работите и оние денес кои не се така малку кои слушаат и купуваат винили точно знаат да уживаат во резултатот на тој труд, вели Мирко Попов од „ПМГ Џез“.

-Артист кога ќе го издаде своето прво издание сфаќа дека тоа не е воопшто мал пат од идеја до студио, миксање до реализација до посебен мастеринг за плоча. Тоа беше главоболка нели, вели Оливер Јосифовски од „Љубојна“.

-Јас имам дури и неколку мои текстови во овој винил, не секогаш имам мои текстови. Ова е поново дека и јас влегувам во некои кантавторски води и малку поетски поинакви, вели Вера Милошевска – Јосифовска.  

Во рамките на второто издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“ во организација на ПМГ џез кој започнува на 5 септември со концертот на „Љубојна“и „Кантон 6“ во паркот на МКЦ, на 6 октомври во кино Фросина е концертот на „Такси Конзилиум“ и пијанистот и композитор Дино Имери. Сите настани се според пропишаните здравствени протоколи.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Благоја Чоревски: 90% од нашата администрација е неука

Дејан Дејан

Телевизија Телма во посета на „Unifrance Rendez-Vous“ во Париз еден од најголемите светски пазари посветени на француската кинематографија и аудиовизуелните дела

Дејан Дејан

Тамара Ристоска избрана да учествува на програмата за таленти на Берлинале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе