Култура

Неопходна ревитализација на НУБ „Свети Климент Охридски“

За децениската негрижа кон трезорот на македонското минато и иднина, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ говорат сликите кои ќе ве пресретнат во читалниците, во архивите и во депото на библиотеката.  Ризницата која го чува нашето национално богатство и е дел од  нашето студентско минато се соочува со сериозни проблеми кои мораат да бидат решени што поскоро, смета министерката Стефоска. Првичната проценка за проектот за санација само на кровот кој мора итно да биде саниран е помеѓу 40 и 50 милиони денари. Сепак НУБ не е само покривот.

-Отпочнува процесот за прогласување на библиотечниот материјал за културно наследство во опасност, статус кој ќе овозможи брзи интервенции за негово зачувување и соодветно чување. Секако ја имаме предвид важноста од стручен кадар, во опрема и во збогатување на содржината на библиотечниот фонд. Процесот на враќање на достоинството на овој репрезентативен објект со бесценета содржина започна. Би  сакала да истакнам дека НУБ не е само покривот и НУБ не се само столчињата. НУБ Свети Климент Охридски е многу повеќе НУБ е емоција, рече министерката стефоска.

-Да допреме до свеста на граѓанинот на нашите компании да помогнат оваа институција во која лежи нашето минато и врз кое идните генерации треба да ја градат својата иднина да се обезбеди на соодветен начин, рече в.д директорката Јелисавета Костадинова.

Лошите услови со години наназад се причина зошто повеќе ги нема ниту руската ниту германската читалница, ниту американското катче. Во новиот дел на библиотека функцинира само центарот за дигитализација. По повеќемесечни инспекциски надзори кои ги спроведе Министерството за култура во јуни беше разрешен директорот Фремзим Даути, поради неправилности во работењето. На негово место е поставена Јелисавета Костадинова. Во моментов во НУБ  се снима филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Митевска. Ја избрале токму библиотеката „Св. Климент Охридски“ поради автентичноста за најсоодветна локација и како благодарност реновираа дел од најголемата читалница.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Благоја Чоревски: 90% од нашата администрација е неука

Дејан Дејан

Телевизија Телма во посета на „Unifrance Rendez-Vous“ во Париз еден од најголемите светски пазари посветени на француската кинематографија и аудиовизуелните дела

Дејан Дејан

Тамара Ристоска избрана да учествува на програмата за таленти на Берлинале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе