Граѓаните се сликаат, но чекаат со недели. МВР издава ливчиња со датум на подигање, но не печати нови лични карти. Овој проблем ги блокираше сметките пред банките на повеќе од 30.000 граѓани. Пратениците си заминаа на одмор, не го изгласаа новиот Закон за лични карти, кој е со Република Северна Македонија и со опција за двојазичност, според Законот за употреба на јазиците. Дотогаш банките не им ги признаваат ливчињата од МВР бидејќи се навлиден документ, па така и по три месеци пензионери не можат да си ја подигнат пензијата во готовина. Најмногу претставки стасале до народниот првабранител. Оттаму ја информирале владата но одговор нема.
Решените го имаат владата и Гувернерот на народната банка, но потребна е итна реакција, бидејќи не само правата, туку граѓаните не можат да ги регулираат обврските без личен документ за идентификација.
Се наближуваат и изборите а бројот на граѓани без документ за идентификација се зголемува. Одговорот од Министерството за внатрешни работи е дека Уставните амандмани наложуваат промени во обрасците на личните документи за новото уставно име Република Северна Македонија, како и државјанството, а покрај тоа, обрасците на личните документи ќе претрпат измени и согласно Законот за употреба на јазиците. Заради овие измени, било неопходно да се направат промени во системот и нивно усогласување, промена и инсталирање на целокупната опрема со што претставува комплексен процес кој повлекување различен број активности, па од тие причини било нужно одреден период да биде доведен во прекин работењето на системите, кој сега се наоѓа во завршна фаза.
Павле Беловски
