Во престер на ретроспективната изложба на нашиот сликар Димитар Кондовски, Националната галерија на Македонија преку јавен повик собира дела од истакнатиот уметник.
Националната галерија ја продолжува практиката востановена со jубилејната изложба на Петар Мазев, за вклучување на публиката, колекционерите и љубителите на творештво на најзначајните македонски автори.
– Во оваа прилика сакаме да ве информираме дека во тек се подготовките за ретроспективната изложба во чест на Димитар Кондовски. Ги повикуваме сите колекционери кои поседуваат дела од Димитар Кондовски, да не исконтактираат преку следниот мејл [email protected] и на [email protected] со назнака на мејлот „Dela od Kondovski“, со што би придонеле кон збогатувањето на информациите поврзани со неговото творештво, стои во повикот од Националната галерија.
Информациите во врска со делата и материјалите, поврзани со творештвото на Димитар Кондовски, Националната галерија ги очекува најдоцна до 31 август 2021 година.
Кондовски бил сликар, сценограф, дизајнер, илустратор, се занимавал со графика, а бил и дописен член на МАНУ и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има особено значење за развитокот на македонското современо сликарство во шеесеттите години на минатиот (20) век. Завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Бил член на групите „Денес“ и „Мугри“. а пишувал и критика. Работел и како професор на Педагошката академија во Скопје.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
