Вести Македонија

ДУИ и Алијанса против интерпелацијата на Џафери

Спикерот Талат Џафери втор ден молчи за интерпелацијата што му ја поднесоа ВМРО ДПМНЕ и Левица. Партиите на Албанците, пак, застанаа во негова одбрана. Од Алијанса велат дека не се задоволни од неговата работа и имаат низа причини да побараат тој да биде разрешен од функцијата, но употребата на албанскиот јазик не е една од нив. Поддршката, очекувано, стигна и од неговата партија – ДУИ.

Од пратеничката група на СДСМ велат дека се` уште не дискутирале дали ќе ја поддржат интерпелацијата.Чекаат Џафери самиот да се изјасни зошто се обратил на албански јазик. Нивниот став за ова прашање е дека  во Уставот јасно стои дека официјален јазик за меѓународна комуникација е македонскиот јазик.

Опозициските партии вчера поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието, затоа што Самит на Европскиот парламент официјално се обрати на албански јазик, што е спротивно на Уставот и Законот за употреба на јазиците.  Според член 7 од Уставот, „на целата територија во државата и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо„. Албанскиот јазик е службен само и единствено во рамките дадени во самиот член и не смее да се користи официјално во меѓународни односи.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Речиси целиот комунален отпад во Македонија завршува на депонии

Tea Dimkovska

Судиите поротници денеска на протест-сите расправи се откажуваат

Kristina Kuzmanovski

Американец се повредил при слетување со параглајдер во битолско Породин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе