Македонија Топ тема

Белодробна инфекција во комбинација со имуно терапија довеле до смрт кај четвртиот пациент со трансплантирано срце

Две недели по трансплантацијата на срце починал последниот пациент кај кој беше изведена операција. Негови блиски за Телевизија Телма тврдат дека операцијата била успешна, но по тоа се создала инфекција од бактерија. Поради тоа што се работи за премногу кусо време по смртта на човекот, тие не сакаат јавно да говорат. Министерот Вернко Филипче  во емисијата Утрински брифинг на Слободен печат ја потврди оваа информација. Тој вели дека пациентот бил во тешка состојба, која на моменти му се подобрувала, а на моменти влошувала. За жал како што вели последното влошување не го преживеал и покрај тоа што лекарите дале се од себе.

Не е точно и не е коректно да се кажува дека се потфрлува во некој дел. Инфекциите во интензивните неги од тие специфични бактерии има насекаде во светот и тоа е така и кај нас. Имаме механизми кои ги користиме за тие пациенти да се излекуваат. И други пациенти со трансплантација имале таква форма на инфекција па се излекувале, не значи дека ако има инфекција дека дефинитивно нема пациентот да се спаси. Тоа е еден процес кој го има во интензивни лекувања на пациенти кои престојуваат заради друга болест, рече Венко Филипче Министер за здравство.

Дополнително од Министерството објаснуваат дека бил како итен на националната листа за трансплантација.  Втора опција било да се стави на механичко срце но само како времена опција повторно до трансплантација. Велат дека поради двојното државјанство, пациентот требало да се стави на листа за трансплантација во Хрватска, но тука се отворила можност да добие срце.

Состојбата на пациентот за целиот период по трансплантацијата беше тешка и критична. Во консултација со колегите од Словенија и Хрватска ги направивме сите напори за да пациентот излезе од одделот за интензивна нега. Беше вклучен и на ЕКМО, но за жал и покрај сите интервенции тој почина. Пациентот имаше претходна белодробна хипертензија која дополнително ја влоши состојбата. Дијагностицирана беше и белодробната инфекција, но поради силната имуносупресивна терапија поради трансплантацијата, истата доведе до смртен исход, велат од мз.

 Според министерството условите во болницата се на високо ниво што покажува и фактот дека таму се извршуваат најсложени операции со исклучително висок процент на успешност. Велат според сите статистики, 40 отсто од смртноста кај луѓето со трансплантирано срце е во првиот месец. Ова беше четврта транспланттација, првите двајца веќе се дома, а третиот пациент се оправува и нема индикации за отфрлање на срцето.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема 10.05.2024

Дејан Дејан

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе