Македонија

Заев – Курц: Имаме заедничка обврска да ја обезбедиме европската иднина на Западен Балкан

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров денеска оствари билатерална средба со австрискиот канцелар и домаќин на Самитот за Западен Балкан во Виена, Себастијан Курц.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев упати благодарност за огромната поддршка на Австрија за Северна Македонија и за европската иднина на целиот регион и го охрабри канцеларот Курц да продолжи со извонредниот и посебен ангажман со што ги мотивира граѓаните на земјите кандидатки да останат фокусирани на европските цели и во исто време ги поттикнува и потсетува земјите членки да ги исполнат своите ветувања кон земјите од Западен Балкан.

– Крајно време е Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ и да ја интензивира сопствената и регионалната европеизација преку отворањето на поглавјата низ преговорите, е една од заедничките констатации од разговорот, се наведува во соопштението.

Заев и Курц на средбата изразиле задоволство од видливиот раст на австриските инвестиции во Северна Македонија и од големиот интерес за нови економски соработки и проекти во областите обновливи извори на енергија, инфраструктура и здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го блокира Изборниот законик затоа што нема поддршка од дијаспората

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните да плаќаат

Дејан Дејан

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе