Вести Македонија

Сашо Мијалков останува во затворот во Шутка.

Апелациониот суд ја отфрли жалбата на Мијалков и ја потврди одлуката на кривичниот суд Скопје кој што претходно не ја прифати гаранцијата во вредност од над 10,8 милиони евра, потврди за Телма, Татјана Дуковска, судија-портпарол на Апелациониот суд во Скопје.  Поранешниот директор на УБК е во затворски притвор од 23-ти февруари, а веќе има две првостепени судски пресуди на вкупно 20 години затвор.

Тој со жалбите во кривичниот и во апелациониот суд бараше да му се овозможи домашен притвор или да му се ублажат мерките на претпазливост за што понуди гаранција во имот од околу 10,8 милиони евра.

Првиот притвор му беше определен откако не беше најден во својот дом за да го прими решението за домашен притвор. Мијалков исчезна и беше недостапен два дена.

За тој случај обвинителството ја заврши предистрагата но не најде кривична одговорност за никој ниту пак најде докази дека некој му дојавил на Мијалков што му се подготвува. Викендот обвинителството соопшти дека најверојатна верзија за настанот е „Мијалков да излегол од задната врата додека полицајците го чекале на главниот влез на куќата за да му врачат судско решение.“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Украина може на долг рок да ја надмине Русија во производството на високотехнолошко оружје

Дејан Дејан

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош

Дејан Дејан

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе