Македонија

За 500.000 евра обвинителството прифаќа Рашковски да си замине од Шутка

Со понудена гаранција од половина милион евра, поранешниот генерален секретар на владата го убедил Вишото обвинителство да ја прифати неговата жалба и да биде пуштен од притворот во Шутка.

Од прес службата на обвинителството одговорија дека ова прифаќање веќе е испратено до скопскиот Апелационен суд.

Вишото обвинителството согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција, стои во одговорот од обвинителството.

За Рашковски се отворени две постапки за набавки на софвтери кои самиот ги заштитил како сопствени иновации. Тој како генерален секретар на владата склучил договор со фирмата Инвока за да набави две софвтерски решенија. Едното за систем за сообраќајни прекршоци за потребите на МВР иако не било побарано од полицијата, а вториот софтвер бил наменет за електронско гласање. Двете зделки се во висина од околу 200 илјади евра. Покрај тоа, Рашковски е осомничен дека подолг период на хонорарен соработник во кабинетот му земал месечно по 300 евра од вкупниот хонорар кој изнесувал 800-тини евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР поднесе кривична пријава за „насилство врз дете“ за прободениот малолетник во Ченто

Sasko Dimovski

Изборниот законик доби дополнителен грејс период да биде донесен

Tea Dimkovska

Пожари беснеат во Штип и Пробиштип – се гасне и од земја и од воздух

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе