Македонија

Нема одложување на изборите, повторен тендерот за апарати за отпечаток од прст

12 милиони евра е вредноста на новиот тендер на Државната изборна комисија за набавка на апарати за отпечаток од прст кои ќе треба да се користат на локалните избори наесен. Претходниот тендер беше поништен во петокот, од страна на Бирото за јавни набавки, откако се забележани грешки во спецификацијата. Наместо да се бара фирма што ќе набави апарати за биометриска идентификација на гласачи, се барало електронска идентификација на лица. Крајниот рок до кога треба да се достават понудите е 1 јули, и не се очекува оваа грешка да резултира со промена на терминот за избори.

По набавката на апаратите за гласање со отпечаток од прст, ќе треба да се изврши обука на членовите на избирачките одбори, чиј избор почна денеска.  Според проценките на ДИК и бројот на гласачки места, ќе се обезбедат околу 4.000 терминали.

Обезбедување апарати за отпечаток од прст за локалните избори беше едно од барањето на ВМРО-ДПМНЕ за кое се договорија Христијан Мицкоски и Зоран Заев на лидерската средба во март.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе