Вести Код Македонија

КОД : Мазут на црно продавале нелиценцирани фирми

Постоеше седум децении, а нејзините производи се уште можат да се најдат речиси во секој дом по ормарите, од ќебиња преку капути и костуми. Погоните на поранешна „Тетекс“ во Тетово повеќе не работат, а просторот станал дом на фирма, која текстилот од погоните го заменила со отпадно масло.

Се занимава со негово рафинирање, но според информациите на КОД до сега никој не го истражувал крајниот производ. Прва алармирала регулаторната комисија за енергетика уште во 2018- та година кога лоцирала сомнителни трансакции од продажба на мазут, нешто за што фирмата немала ниту побарано, ниту добиено лиценца токму од регуалторна која е надлежна за тоа. Испратила допис до пазарниот инспекторат, но ништо.  Не добила одговор. Втор пат алармирала до истата институција во 2020 кога пак забележала трансакции.

Изворите на КОД се сомневаат дури и во финалниот производ – мазутот и тоа што содржи во него. Сметаат дека се работи за отпадно масло кое само се преработува и по тоа се продава на домашниот пазар за потребите на индустриски капацитети. Според извори од инспекторатот за животна средина дел од производството на оваа фирма завршило и во кавадаречки поранешен „Фени“ како мазут. Сега добро упатени извори во истрагата која ја започна државата за да лоцира трговци со опасни отпадни масла, но и диви продавачи на мазут велат дека и оваа фирма е дел од оние каде конечно влезе инспекторатот. Утврдил дека работи на диво без никаква дозвола. Нејасно е како до сега никој не превзел ништо и покрај тоа што ако се погледне А интегрираната дозвола за работа на фирмата се гледа дека финалниот производ е мазут што би значело дека токму со ова тргува фирмата а за тоа е потребно лиценца во земјава која од РКЕ потврдуваат дека ја нема.

Производствениот процес во новата инсталација преставува физички третман на дестилација на искористени моторни масла и нивна рафинација за добивање на неколку дестилати како крајни производи: основно (лесно) масло, мазут и трет дестилат што се користи во индустријата за производство на катран.

Бидејќи конечно и фирмата Блу Енерџи влезе во листата која ги истражива пазарниот инспекторат се поизвесно е дека ќе се бараат санкции за неа.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски приватно преку ПР агенција „Дашл груп“во Вашингтон но не ѝ на инаугурација

Дејан Дејан

Министерство за правда на САД: За спроведување на забраната за TикТок ќе биде потребно време

Дејан Дејан

Трамп се уште нема одлучено дали ќе го банира ТикTок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе