Вести Свет Топ вести

„Блумберг“: ЕУ и САД подготвуваат одговор на „непријателските акции“ на Русија

Европската унија му испрати на Вашингтон нацрт заедничка изјава за самитот ЕУ-САД на 15 јуни, во која се предлага двете страни да одговорат на „непријателските акции“ на Русија, објави американската агенција „Блумберг“, повикувајќи се на документ.

Самитот ЕУ-САД ќе се одржи еден ден пред состанокот на претседателите на САД и на Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, во Женева.

– Ние сме обединети во принципиелниот пристап кон Русија и одлучно ќе одговориме на моделот на нејзиното негативно однесување кое се повторува, како и на непријателските акции, се наведува во документот.

Според американската агенција, ЕУ и САД ќе се заложат на самитот против „репресијата која Русија ја спроведува врз цивилното општество, опозицијата и независните медиуми“, а исто така ќе изнесе и став за поблиска економска соработка.

Покрај тоа, двете страни би можеле да се изјаснат и за заедничко спротивставување кон Кина, за што станува збор и во нацрт-документот.

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли изјави дека Брисел треба да ги заостри санкциите против Русија.

Според неговата проценка, односите меѓу ЕУ и Русија се „многу тензични“ поради ситуацијата околу рускиот опозиционер Алексеј Навални и конфликтот во југоисточниот дел на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Молдавија отвораат нов кластер со ЕУ- едногласна одлука во Брисел

Sasko Dimovski

Изборниот законик доби дополнителен грејс период да биде донесен

Tea Dimkovska

Пожари беснеат во Штип и Пробиштип – се гасне и од земја и од воздух

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе