60-тина монаси, свештени лица, штитеници, и вработени на Бигорскиот манастир минатата недела групно примиле вакцина. Информацијата ја објавија на нивниот веб портал со образложување дека целта била да ги охрабрат сие граѓани во борбата против пандемијата, но без знаење дека нивната искрена желба за вакцинација ќе предизвика реакција.
Нашето монашко братство, како и сестринствата од манастирите Рајчица, Пречиста и Кнежино доброволно и едногласно одлучија да пристапат кон вакцинација, со цел да дадат придонес во сузбивањето на злокобниот вирус што веќе две години го бранува светот и однесе бројни човечки жртви, но нанесе и тешки удари на светската економија, што мошне неповолно се одразува и во македонското општество, соопштија од управата на бигорски на сопствената веб страница
Телма се обиде преку прашања да разјасни како за нив не важи праската за вакцинација, односно секој пријавен да добие термин и согласно живеалиштето да дојде самиот на вакцинација. Според тврдењата на одговорно лице во манастирот вакцинацијата им ја овозможиле здравствените власти од Охрид. Тие сакале да бидат општествено одговорни како институција низ која минуваат илајдници посетители.
Вакцинацијата не беше во насока да бидеме привилигирани во однос на други групи граѓани туку сите во еден ден се согласивме да се пријавиме за вакцинација. Но, бидејќи станувало збор за над 50 луѓе добиле одговор дека тоа ќе го стори мобилна здравствена екипа од Охрид, ни изјави Отец Кирил Бигорски.
Одговорот на Здравство не дава јасна слика во која точно категорија влегле 6о-тината жители и вработени во Бигроски, а одлуката за нивна групна вакцинација ја донеле вработените во регионалниот здравствен дом.
Теренската вакцинација се однесува на луѓе кои се регрутирани според старегијата, (возраст и критична инфраструктура) а во вакциналните пунктови стручните лица се одлучиле за теренска вакцинација, гласи ставот на здравство
Свештенството не е наведено во ниту една приоритена група ниту го носи приматот како критична инфраструктура. Од здравство постојано информираа дека граѓаните кои добиел термин мораат да се јават во вакциналните пункотови затоа што немаат на располагање мобилни екипи. Исклучоци беа само повзорасните и изнемоштени граѓани сместени во домовите. Процесот на имунизација го тресеше и скандал кога минатата недела вон системот се вакцинираа вработени во казината во Гевгелија и регионот. Од здравство реагираа но ваквите кршења на протоколите не се санкционирани.
Павле Беловски
