Свет

Воена парада во Москва за денот на победата над фашизмот

На црвениот плоштад во Москва, денска се одржа традиционалната воена парада по повод 76-тата годишнина од победата над нацистичка Германија во втората светска војна.

Одбележувањето на победата над нацизмот, подобро познат како Денот на победата, е најзначајниот секуларен празник во Русија, со кој им се оддава почит на воените победи на Црвената Армија, но и страотните загуби на Советскиот Сојуз во втората светска војна.

Според проценките на историчарите, околу 27 милиони советски војници и цивили ги загубиле животите во втората светска војна.

На денешната воена парада, низ Црвениот Плоштад продефилираа повеќе од 12 000 припадници на руската армија и повеќе од 190 примероци од современиот воен арсенал на руската федерација, вклучувајќи ги интер-континенталните ракети.

Над небото во Москва прелетаа и 80 авиони од руската воена авијација.

Пред присутните воени ветерани, свое обраќање до нацијата имаше и шефот на руската држава, Владимир Путин, кој е на власт од 1999-тата година, како претседател или премиер на државата.

Денешната прослава се одржува во период на растечки тензии меѓу Русија и западот, пред се` Соединетите американски држави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потера по осомничениот бомбаш во Монако, камерите го снимиле како бега кон Франција

Дејан Дејан

Тригодишно дете e извлечено живо од под урнатините шест дена по земјотресите во Венецуела

Дејан Дејан

Експлозија во Монако – повредени украински магнат и неговото семејство

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе