Можност за договор со Бугарија има без разлика на тоа што допрва треба да се одржат повторно парламентарните избори, смета премиерот Заев. Имено тој очекува дека преговорите ќе продолжат и со преодната Влада која според него ќе ја сочинуваат истакнаците политичари и личности во Бугарија.
Тој потенцираше дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја и токму затоа Комисијата треба да ги утврди сите факти и личности за заедничко чествување.
Сепак за премиерот нема дилема дека македонскиот јазик и нација се црвената линија и доколку тоа е условот за влез во Унијата, Македонија ќе се откаже од членството.
