Свет

Алексеј Навални, по 24 дена штрајк со глад, сведочеше пред судот

Алексеј Навални, најголем противник на Путин, се појави пред судот за првпат по штрајкот со глад, којшто траеше 24 дена. Тој изгледа исцрпено како скелет, а за себе вели, дека личи на дете од седмо оддление. Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години за кршење на условна казна, додека беше во германската болница за лекување од труењето со агенсот новичок. Во текот на денешното сослушување пред судот тој ја критикуваше руската власт и економската состојба во земјата.

  • Сакам да кажам, чесен суде, дека вашиот крал е гол, и не само што едно момче вреска за тоа, туку милион луѓе врескаат. 20 години неспособно управување доведе до ваквиот резултат. Постојано круната му се лизга низ вратот, на телевиизите лаги, потрошивме милијарди рубљи, а нашата земја тоне во сиромаштија. Не е изненадувачки што економистите пишуваат писма и велат дека последните неколку години треба да наречат изгубена деценија, рече Алексеј Навални.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експлозија во Монако – повредени украински магнат и неговото семејство

Kristina Kuzmanovski

Граѓаните во Венецуела ја обвинуваат власта за бавна реакција

Kristina Kuzmanovski

Шефицата на европската централна банка го брани неодамнешното зголемување на каматните стапки

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе