Вести Свет Топ вести

Рама прогласи победа на изборите, ќе се слави во центарот на Тирана

Пребројувањето на гласовите од неделните парламентарни избори во Албанија е при крај, а лидерот на Социјалиситичката партија Еди Рама, преку објава на Фејсбук, веќе прогласи победа со „досега освоени 74 пратенички мандати“.

Тој за попладнево најави прослава на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, ги повика сите на, како што ја нарече, „прегратка на победата“ и постира фотографија на која е со широка насмевка.

– Денеска во 18 часот на плоштадот Скендербег, шампионскиот тим на покровители, координатори, раководители, пратенци и кој сака да ни се придружи за да ја прегрнеме победата. ПС 12. Победа. Шампиони, пишува Рама.

Десничарската коалиција „ПД-Алијанса за промени“, предводена од демократите на Љуљзим Баша има 59 мандати, што е 18 пратеници повеќе од минатите избори.

Најголемо разочарување е Движењето за социјалистичка интеграција на Моника Круемади – четири пратенички места, која на минатите избори имаше 20 мандати, додека најголемо изненадување е Социјалдемократската партија на Том Доши, која има три пратенички мандати.

Во Изборната единица на округот Корча каде што во трка за пратенички мандати беа лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, Социјалистичката партија, на чија листа беше тој, освои шест пратенички мандати. Вториот Македононец Панди Јани, беше на листата на ЛСИ, која во оваа изборна едница остана без пратеници.

Инаку, Централната изборна комисија најави дека официјалните резултати може да се очекуваат доцна попладнево.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Законот за игри на среќа, нема да ја намали навиката за играње, туку ќе доведе до експанзија на црниот пазар – реакција на АСОМ

Дејан Дејан

Политички судир околу Изборниот законик – СДСМ обвинува за изборна кражба, од ВМРО ДПМНЕ велат прифативме сѐ што побараа

Дејан Дејан

(Видео) Пoжар се шири кон куќите во Шутo Оризари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе