Економија Топ вести

Млекопроизводителите бараат исплатена на субвенциите за 2020 година

Пелагониските млекопроизводители излегоа на предупредувачки протест  со барање да им бидат исплатени субвенциите за 2020 година по грло добиток и за литар произведено млеко. Велат добиле ветување од министерот за земјоделство дека од буџетот се обезбедени пари, но се уште не добиле ниту денар, а се соочуваат со големи трошоци за пролетната сеидба.

-Крајниот рок  наближува за субвенциите, но кај нас се јавуваат големи проблеми затоа штодоаѓа проелтна сеидба, семеснкиот материјал, ѓубривата, нафтата одат нагоре. Краен рок е министерството да преземе некои мерки за да се испалтат тие субвенции, Тони Алчевски, претседател на земјоделоско здружение „Пелагониксо поле“ од Могила.

-Најголем дел за сточарите, по грло добиток и по литар млеко, тоа е најголем дел, цела 2020 не ни е исплатена. Се додека ги бараме парите со сила, нема радост во сточарството и во земјоледкето, вели Тони Петковски, сточар од Велушина.

Млекопроизводителите се жалат дека  водат битка за опстанок, затоа што откупната цена на млекото со години е иста, а трошоците постојано растат. Велат  дека во  вакви услови веќе никој не сака да се занимава со сточарство, па сточниот фонд е намален за 60 проценти.

-Ние даваме чисто млеко за 15 денари, а вие го купувате со хемикалии 50 денари. Слушаме сега и месото ќе поскапи 40 проеценти, тоа е знак дека веќе нема стока во Македонија, вели Борче Бучински, сточар од Могила.

Пелагониксите млекопроизводители најавија масовен протест пред Владата после велигденските празници, доколку субвенциите за ланската година не им бидат испалтени до крајот на април.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе