Ковид19 Најважни

Трагедија во Гостивар -малолетно дете загина во пожар во зграда

Едно малолетно дете настрада во пожар кој утрово избувнал во станбена зграда во Гостивар. Смртта била констратирана од страна на лекарите на ургентното одделение во болницата, која најверојатно настанала од задушување.

Медицинска помош во билницата и била укажана и на жената која живеела во станот, а потоа била пуштена дома.

Според првичните информации пожарникарите непосредно по пријавата за пожар на терен излегле со две возила и за половина час го локализирале огнот.

Тие од станот го извадиле безживотно тело. Според станарите, брзата интервенција спречила ширење на огнот и поголема штета.

Пожарот е пријавен во СВР Тетово во 8 часот.

„Утрово околу 8 часот во СВР Тетово е пријавено дека во стан во станбена зграда на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар избувнал пожар. Како последица на пожарот две лица кои живееле во станот се пренесени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, каде кај едното малолетно лице е констатирана смрт, а другото е пуштено дома. Допрва ќе се врши увид кој ќе го води јавен обвинител, а во кој ќе учествува екипа на МВР, Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар“ – велат од СВР Тетово.

Повеќе детали и информации за пожарот најавуваат во текот на денот.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Деветмесечно бебе почина во Охридската болница

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе