Вести Македонија Топ вести

Можна лидерска за одблокирање на Собранието

Ниту една партија не попушта, а блокадата во Собранието и натаму трае. Доколку нема дијалог и излез од функционалната криза, премиерот Заев најави дека ако е потребно ќе свика и лидерска средба зошто во спротивно последиците од неусвојувањето на  законите ќе ги трпат граѓаните. Кворум и услови за работа нема а пратениците во текот на целиот ден прават влези-излези од собраниските сали.

ВМРО ДПМНЕ нема да обезбедува мнозинство затоа што не се прифаќале нивните предлози а ќе дадат подршка само на оние закони кои се дел од антикризните мерки.

Алијанса на Албанците и Алтернатива не отстапува од блокадата на секој закон па дури и за оние кои се дел од 5 сет антикризни мерки.Нема да попуштат се додека не се даде подршка на нивниот предлог закон за државјанство.

Во моментов владејачкото мнозинство не може да обезбеди  62 пратеника за гласање затоа што има тројца заразени со Ковид.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе