Македонија Топ вести

Верските лидери да ги охрабрат верниците да се вклучат во пописот

Верските заедници во земјава, претставени со МПЦ, ИВЗ, како и Католичката црква, се вклучија во промовирање на операцијата за попис на населението во дијаспората.

На денешната средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, било договорено првите луѓе на верските заедници да дадат насоки до нивните претставништва во земјава, но и во дијаспората, да ги информираат и да ги охрабрат верниците да се вклучат во пописот.

Следуваат изјави од Бујар Османи, министер за надворешни работи, Аполстол Симовски, директор на Државен завод за статистика и Слободан Близнаковски, директор на Агенција за иселеништво.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србија го екстрадира Саит Саитов кој во јануари усмрти жена во скопски Капиштец и избега од местото на настанот и од државата

Sasko Dimovski

Ти благодарам што истресе се од тебе – Тошковски кон Апасиев кој му ги посочи валканите партиски полицајци на расправата за неуспешната интерпелација

Sasko Dimovski

Еден активен, еден под контрола, седум изгаснати – денеска се регистрирани девет пожари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе