Македонија Топ вести

Градежен галоп во центарот на Скопје со амин од Уставен суд

Мораториумот падна, а со одлуката на Уставниот суд возможен е нов градежно-инвестициски галоп во центарот на Скопје. Уставните судии оценија и изгласаа дека со одлуката за мораториум да не се применуваат урбанистичките планови, општина Центар ги пречекорила своите законски овластувања, ја нарушила правната сигурност и еднаквоста на граѓаните, и неосновано ја довела во прашање уставната гаранција на правото на сопственост.

Овие правни толкувања на уставните судии се од нивното решение со кое покренаа постапка, која вчера ја крунисаа со поништување на општинскиот мораториум за изградба. Сега 23 ДУП-ови се повторно градежно активни, а станува збор за повеќе од половина терирторија на Центар. Во општината велат дека е чудно што нивниот мораториум го оспориле граѓани на Охрид кои живеат на 170 километри од ексклузивните парцели, а судот не прифатил тоа што ДУПовите се спротивни на Генералниот урбанистички план.

Уставниот суд при расправат во декември оцени дека општината нема надлежност да се занимава со забрана на градежни работи кога не се почитува Генералниот план.

Решение на уставен суд у.бр.273/2020: Од изнесените одредби на поранешниот Закон за просторно и урбанистичко планирање, врз основа на кои е донесена оспорената одлука, произлегува дека деталните урбанистички планови мора да се во согласност со генералните урбанистички планови како планови од повисоко ниво. Меѓутоа, во овој закон не било предвидено изречно овластување на доносителот на деталните урбанистички планови да ги запре од извршување доколку тие не се во согласност со генералниот урбанистички план, туку за тоа треба да води сметка при донесувањето на деталните урбанистички планови коишто треба да се донесуваат во согласност со генералниот урбанистички план.

Одлуката е однесена, но ќе почне да важи кога ќе биде објавенља во Службен Весник. Спорни биле 31 ДУП, но 8 веќе се сменети и прилагодени. Во останатите 23 спаѓаат високо посакувани области за скапи градежни објекти како Дебар маало, Маџир маало, Треска, паркингот кај Холидеј Ин, а сите тие се спротивни на ГУП-от. Општината се надева дека ќе смени уште 5 веќе подготвени детални планови, а оттаму тврдат дека ќе работат за похумани животни услови за граѓаните. Градежниците пак бараа да се тргне мораториумот поради загубите во бизнисот.

Уставниот суд одлучи да дозволи примена на Дуп-овите.  Во Уставот инаку е предвидена граѓанска обврска за заштита покрај на сопственоста така и на заштита на здравјето на сите и право на здрава животна средина. Новите градби ќе донесат профит, Од општината пак велат дека ќе влијаат и на здравјето и на екологијата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе