Вести Македонија

Над илјада парчиња автоматски пушки од САД -донација за македонската армија

Автоматски пушки вредни 1,2 милиони америскански долариу ќе завршат во рацете на припадниците на АРМ кои учествуваат во мисиите на НАТО. Станува збор за пушките „М-4“ од американскиот производител „Колт“ чие примопредавање беше денеска во касарната во Ќорлче Петров.

Оружјето е наменето за  лесната пешадиска баталјонска група, единицата на АРМ која активно учествува во обуките и мисиите на НАТОи покрај специјалците ќе бидат втоарата единица со комплетно вооружеување по НАТО стандарди.

Со ова ќе се подобри интероперабилноста на Армијата истакана министерската за одбрана Радмила Шеќеринска.

Шеќеринска потенцираше дека за прв пат над 20 отсто од Буџетот на армијата ќе биде наменет за модернизација. За не донацијата е потврда на соработката меѓу Македонија и САД дека до крајот на наредната година се очекуваат и останатите автоматски пушки со со што бројката ќе се искачи на две илјади парчиња.

За амбасадорката на САД, Кејт мери Брнз, последната донација е доказ за функционирањето на партнерството меѓу Макледонија и САД и взаемната поддршка. Таа потенцираше дека со тоа што Владата се обврза да превземе сопфатна модернизација капацитетите на војската, ја направи Армијата не само активен туку и дообропозициониран член на Алијансата.

Министерката Шеќеринска пак додаде дека процесот на модернизацијата на армијата се сости и со уисфрлање од употреба на старото оржује од руско потекло и со поголем калибар.

Летово на армискиот полигон Криволак ќе се одржи досега најголема воена вежба на армиите на Македонија и САД, „Одлучен удар 21“, бво која ќе учествуваат над две илјади војници.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето затворена за туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе