Економија Македонија

Бројот на нови невработени лица во 2020-та зголемен за 128% во однос на претходната година

Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово се петте општини со највисок пораст на невработеност, а пандемијата лани  во земајва без работа остави  6.783 текстилни работници.

Анализата на невладината ЗМАИ покажа дека вкупниот број на нови невработени лица во 2020 година во однос на 2019 година се зголемил за 128%.

Процентот на невработеност кај младите е значително повисок во однос на останатите години. Дури 15% од младите учествуваат во невработеноста. Истражувачите на ЗМАИ посочуваат дека најчест основ за прекинување на работниот однос во текстилната индустрија, во последните пет години е истекот на определено време.

Кристина Ампева од Гласен Текстилец вели дека постојано апелираат работниците да не се потпишуваат на празни листови.Доколку работникот се потпише на сподгодбен отказ, ништо не им следува.

Текстилството вработува над 30.000 илјади луѓе во државата, а во вкупниот извоз учествува со 10 проценти.

Во моментов бизнис секторот бара да престанат политичките препукувања и да се донесат законите за петтиот пакет на мерки.

Доколку наскоро ги нема владините субвенции се очекува нов бран на отпуштања во трудоинтезивните гранки.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе