Македонија Најважни

Стартува пописот – иселениците ќе се попишуваат први

Граѓаните кои се надвор од земјава, од понеделник  ќе можат сами да се попишуваат  онлајн. Апликацијата, која е достапна на осум јазици  можат да ја најдат на веб страницата на Државниот завод за статистика, а линк до неа ќе постави и Министерството за надворешни работи.

Помош за пополнувањето ќе можат да добијат и од дипломатско-кознуларните претставништва кои веќе добиле инструкции и отвориле телефонски линии што ќе им бидат достапни 24 часа.

Симовски гарантира дека се преземени сите мерки против упад во податоците. Апликацијата е лесна и едноставна за пополнување, идентична со таа по која ќе се попишува и во државата.

Самопопишувањето подразбира пополнување на пописната апликација од страна на самото лице кое е единица на попис.

Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот.

Рокот за нивно попишување истекува на 31 март на полноќ. Пристапот од Македонија е оневозможен.

Министерот Османи вели дека резултатите од попишувањето на иселениците не се важни само за државата, туку и за самите нив.

Од понеделник почнува попишувањето и на припадниците на Армијата дома и  во странство, на лицата кои се во дипломатско конзуларните претставништва, во Обединетите нации, во претставништвата на Стопанските комори во странство, како и затворениците и лицата во воспитно – поправните домови во земјава.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата

Дејан Дејан

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

Дејан Дејан

Американскиот сенатор Велч: Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе