Македонија

Панчевски, Неделковски и Пандов меѓу 18-те приведени во кафеана во Стајковци

Поранешниот претседател на Кривичниот Суд во Скопје, Владимир Панчевски, е меѓу 18-те приведени лица во кафеана во Стајковци.

Заедно со Панчевски биле приведени и Миленко Неделковски како и

претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.

МВР соопшти дека вкупно биле уапсени 18 лица, заради непочитување на мерките за заштита.

– На 26 февруари во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул. „6“ во с. Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица. Тие се приведени во полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од Ковид-19, соопшти СВР Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе