Македонија Најважни

55 години затвор за „Таргет – Тврдина“ – Сашо Мијалков 12 години

Незаконското прислушкување осудено во кривичниот суд. По 5 години од отворањето на истрагата од СЈО – денеска 55 години затворски казни за 6- мина обвинети и 5 условни казни.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков формирал злосторничко здружување, ја злоупотребил службената положба и се стекнал со награда за противзаконито влијание.

Виновен е пресуди судечкиот совет предводен од судијката Џенета Бектовиќ додека Мијалков мирно од првата обвинителна клупа ја слушаше казната за него.

Му помогнале поранешениот директор на петтата управа Горан Грујовски и Надица Николиќ вработена во тајната полиција.

Сашо Мијалков да одговара 12 години во затвор, а рекордерот според кривичните дела во овој предмет или дури пет Горан Грујовски ќе треба да одлежи 15 години затвор. За исти кривични дела повисоки казни доби Никола Бошковски кој е во бегство со грујовски.

Нему судот за злоупотреба на службената положба му пресуди 11 години затвор ил идвојно повеќе од неговите шефови Мијалков и Грујевски.

Тогашниот шеф на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски според обвинителството со надредената министерка Гордана Јанкуловска овозможиле да се уништат два системи за прислушкување.

Според судот обивнителството ја докажала вината, а Јакимовски доби 6  години затвор додека Јанкуловска 4 години.

5 вработени во тајната полиција  фалсификувале службени исправи, знаеле за кривичните дела, но немале можност според хиерархиската посотавеност да се спротистават.

Владимир Варелов, Маријан Шумуликовски, Силвана Славкова, Васил Исаковски и Валентина Симоновска се осудени на условна затворска казна од 2 години, ако не сторат кривично дело во наредните 5 години.

За одлуката на судот победиле отежителните околности. Прислушкувањето на над 4000 броеви и 20, 000 граѓани е монструозно, и не смее да се повотри порача судијката Бектовиќ.

Виоските казни се оправдани, иако неколкумина обвинети поминале полесно. Задоволна од пресудата, но и од сите казни порача обвинителката Ленче Ристовска по завршувањето на процесот.

Максимални и драконски казни. „Таргет – Тврдина“ влегува во историјата, незадоволни од пресудата и казните реагира одбраната на обвинетите.

Тече рокот од 15 дена или 8 откако ќе им биде врачена писмената пресуда на одбраната и обвинителството за да напишат во жалба од што не се задоволни во процесот пред основниот суд.

Апелација нема рок кога ќе одлучува по пресудата.

Што правеле 12 тмина осомничени од 2008 до 2015 та во тајната полиција пред судот раскажаа двајцата крунски сведоци Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски кои освен што помагаа во процесот претходно копираа прислушкувани материјали и ги предаваа на опозицијата која што ги пукаше како аудио бомби во јавноста.

Власта тогаш тврдеше дека странски служби со жолти комбиња следеле комуникации на граѓани.

Судската битка ја отпочна тогашното СЈО, а по распадат ја наследи јавното обвинителство.

По, смената на власта во 2016-та следеше и почетокот на судскиот процес кој денеска заврши со 6-тмина осудени на затвор од кои двајца во бегство, 5 тмина со условни казни додека пак над стотина оштетени граѓани, политичари и новинари ќе бараат милионски надоместок на штета во граѓанскиот суд.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе