Вести Економија

Забрани банките и осигурителните компании да делат дивиденди

Народната банка забрани банките да исплаќаат дивиденда до крајот на годинава. Одлуката е донесена поради неизвесноста од коронакризата. Народната банка, најдоцна до 30 септември, повторно ќе ги оцени околностите со пандемијата и во зависност од оцената, може предвремено да го укине ограничувањето, соопшти централната банка која информира и дека вакви привремени ограничувања во однос на дивидендите се воведени и во земји од регионот и пошироко.

Денеска и Агенцијата за супервизија на осигурување побара осигурителните компании кои оствариле добивка лани да не делат дивиденда. Агенцијата соопшти дека основа на препораката се неповолните резултати остварени во  секторот лани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта во реконструкција, опозицијата со оценка – се менуваат фотелјите, но не и политиките

Дејан Дејан

Топлото време ги зголеми повиците на Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Претпладне сончево време со мала облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 22.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе