Ковид19 Македонија Топ вести

Се пролонгира пристигнувањето на вакцините во Македонија

Ветувањето на „Синофарм“ е 200 илјади вакцини за Македонија до крајот на февруари, а месецот завршува за два дена. Роковите за пристигнување на дозите и дефинитивно се пролонгираат. Комплицираните и обемни договори со производителите на вакцини не се финализираат лесно, но се при крај, тврди министерот за здравство. Постојано има некои точки за коишто дополнително треба да се испреговара и истото е речиси со сите производители. За руската вакцина „Спутник“ Филипче го потпишал договорот – но, одбива да прогнозира кога Македонија конечно ќе добие вакцини за масовна имунизација.

Додека земјава очекува вакцини, повторно растат бројките на новозаразени. Денес 15% од тестираните се позитивни или 554 лица од 3477 тестирања. Порастот е очигледен и се должи на циркулацијата на британската мутација на вирусот, велат здравствените власти. Поалармантна е ситуацијата во неколку градови, а на тој начин ќе се размислува и во однос на евентуалното повторно воведување рестриктивни мерки.

За истите овие теми се говореше и точно пред една година – бидејќи на денешен ден е регистриран првиот официјален случај на зараза со Ковид-19 во земјава. Педесетгодишна жена од Дебар која престојувала во Италија со комбе се врати до граничниот премин Табановце, а оттаму директно беше однесена на Инфективна, а останатите патници сите имаа негативни тестови. Со тоа започна да се развива ситуацијата, а следуваа и карантини. Кон средината на март најпрво беше затворен градот Дебар, откако ситуацијата со заразени излезе од контрола. Потоа следеше и првиот полициски час.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се допреле со ретровизорите, па го чекале во грмушки и пукале кон него – двајца браќа во Шишево осомничени за обид за убиство

Дејан Дејан

Екс директор на Национални шуми продавал дрвна маса по цени пониски од важечкиот ценовник

Дејан Дејан

„Бизнис објектив“: Од мал погон до голем извозник – успешна приказна на македонска фабрика

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе