Македонија

Премиерот го реши проблемот со матурантите, министерката учествувала во решавањето?!

Министерката за образование не чувствува одговорност што проблемот со матурантите го реши премиерот, а не таа. Вели дека, во преговорите за полагање на матурата сепак била присутна преку претставници.

Матурантите уште во декември побараа полагање на два матурски испити и скратени програми. Министерството одби, по што следуваше бојкот, прекини, па повторно бојкот на наставата. По заканата со протести, следуваше средба со премиерот и на крај решение – ќе се полагаат два екстерни и два интерни испити, а останува и изработката на проектната задача.

Од понеделникот тече и повторното пријавување на 15 295 матуранти кои веќе се пријавиле, за, доколку сакаат, да ги променат предметите што ќе ги полагаат и ќе трае до 5 март. Не е дозволено премислување на оние ученици кои пријавиле училишна матура или стручен испит.

Наумовска ги повикува матурантите, при изборот да обрнат внимание на карактеристичните предмети кои се соодветни за факултетот каде што ќе сакаат да студираат, а  кои ги има во конкурсите од минатите години. Програмите по сите предмети ќе бидат скратени. Работна група од 15 членови, меѓу кои и тројца средношколци, веќе  ја подготвува новата концепција за државна матура за идната учебна година, која треба да има различни предмети за гимназиско, за стручно и за уметничко образование.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе