Бегството на Мијалков е најскапиот циркуз организиран и координиран од мафијата, рече од собраниска говорница Игор Јанушев барајќи одговорност од министерот Спасовски.
Целата ситуација според него била однапред дововорена.
Министерот за внатрешни Оливер Спасовски демантира дека се работи за скриен политички договор.
Спасовски се пофали дека институциите реагирале навремено и не дозволиле Мијалков да избега од правдата . Порача дека правдата ќе биде еднаква за сите оние кои ќе направат каква било штета на државата и граѓаните.
Јулијана Пешевска
