Македонија Топ вести

Дел од лекарите и медициснкиот персонал во Охрид позитивни на британската мутација на КОВИД-19

Британската мутација на КОВИД-19 влезе и во специјализиранта болница за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“  во Охрид. Дел од лекарите и медициснкиот персонал се позитивни на вирусот, што доплнително ја отежнува нивната работа  во услови на пандемија. Од Болницата потврда за ваквата сосотојба објавија на својата ФБ страна, но безуспешни останаа обидите да контактираме со првите луѓе на оваа установа. Во соопштението се наведува дека иако состојбата е сложена болницата останува отворена за итните случаи.  

„Ваквата состојба, за жал, не не заобиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти. Но, и покрај се ги информираме нашите пациенти дека непречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби, се наведува во соопштението од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 15 до 21 февруари  има речиси 4 процентно зголемување на бројот на новозаболени во однос на минатата недела.  Покрај Скопје, најмногу нови слуачaи   веќе неколку недели има  во трите града каде циркулира британскиот сој кој се одликува со знaчително повисока преносливост. Во Охрид, Кавадарци и Прилеп, бројот на активни слуачи е над 500 што во споредба со останатите градови е неколкукратно повеќе.  Денеска и прилепскиот градоначлник Илија Јованоски објави дека е позитвен на коронавирусот.

-Позитивен сум на КОВИД 19, за среќа добро се чувствувам, имам лесни симптоми и мислам дека ќе ги надминам. Во Прилеп повтроно се разгоре, има зголемен број на новазаболени и хоспитализирани. Граѓаните се олабавени повќе отколку што треба и милсам дека тоа  е причината за зголмените бројки, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

И покрај драматичниот пораст на заболени и хоспитлизрани во Прилеп,  Јованоски вели дека нема да побара карантин за градот, затоа што смета дека е доволоно да се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Ацевски: Побаравме благородни метали за дентални услуги да бидат преземени од болницата во Прилеп и да се стават во депото на државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе