Македонија Топ вести

Интерпелација за работата на Димитров

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара професионална и политичка одговорност од заменик претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров поради пропустите во надворешната политика и евроинтегративните процеси. Најмногу забелешки имаше за Договорот за добрососедство со Бугарија , пасивноста на Секретаријатот за европски прашања и неговиот однос кон Собранието и пратениците.

Димитров негираше дека бил уредно поканет да присуствува на Комисијата за надворешна политика и дека одбил да присуствува.За жал,немам време а уште помалку желба да учествувам во театар на картони и панаѓур, рече Димитров.

Ова е трета интерпелација за работата на Никола Димитров во рок од 3,5 години како член на Влада.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

Дејан Дејан

Македонски државјанин призна убиство на Гркинка на Крит

Дејан Дејан

Истрага за полов напад врз малолетно лице во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе