Ковид19 Свет Топ тема

Прославата на Водици „ги скара“ црквата и Владата во Грција

Одлуката на грчката Влада да забрани отворање на црквите и литургии со присуство на верници за време на утрешниот празник Водици, предизвика проблеми во односите меѓу Владата и црквата во Грција, со оглед на тоа дека Светиот Синод на ГПЦ одлучи и покрај забраната, да ги отворат вратите за верниците.

Законот не може своеволно да се спроведува, па да го игнорира секој што не се согласува. Се надеваме дека црквата ќе ја сфати критичноста на овие моменти за општеството, како што тоа, одговорно, го правеше досега. Спроведувањето на превентивни мерки претставува обврска, но и чин на општествена солидарност и одговорност на сите нас, соопштија од Владата, откако Светиот Синод на Грчката православна црква, најави дека црквите ќе останат „отворени за учество на верниците на литургија и осветувањето на водите во црквите“.

Светиот Синод вчера одржа вонреден состанок и соопшти дека „не се согласуваат со мерките и инсистираат на она што беше првично договорено“.

Денеска, за евентуално изнаоѓање решение на  проблемот меѓу Владата и црквата, вниманието е насочено кон претседателската палата, со оглед на тоа дека на свечена заклетва на новите министри, присутни се и грчкиот премиер и поглаварот на ГПЦ, иако рано утрово се споменуваше дека архиепископот Јеронимос нема да биде присутен.

Според грчките медиуми, Мицотакис и Јеронимос одржале куса средба, додека пак митрополитот Атинагорас, кој е и портпарол на Светиот Синод на ГПЦ, утрово говорејќи за медиумите изрази надеж дека ќе се најде „златна средина“.

Меѓу мерките што грчката Влада ги соопшти во саботата, а се однесуваат на оваа седмица е и забрана за отворање на црквите во среда за Водици, иако пред празниците беше соопштено за време на карантинот исклучок ќе има а за Божиќ, Нова година и за Водици кога литургии те ќе може да се одржат со присуство на верници.

Ова е прв конфликт меѓу Владата и црквата во Грција од почетокот на епидемијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се уште нема одлучено дали ќе го банира ТикTок

Дејан Дејан

Руски суд изрече затворски казни од три до пет и пол години за тројца адвокати на Навални

Дејан Дејан

(Видео) Ја удри со автомобил бидејќи „брзал на работа“, избегал оти се исплашил – тежок инцидент на протестите во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе