62 пати заѕвонел специјалниот телефон на МВР во изминатите три на кој што граѓани пријавувале каде се слави во поглеми групи. Сионоќа полицијата добила 22 повици, 8 неоправдани а упаднала во 9 викендици, во станови во Карпош, во Центар и во Чаир. Ја расипале прославата и пишувале казни. Се кредало, граѓани се тепале, имало и семејно насислтво, но само 16 кривични дела и 13 прекршоци впишал полицискиот билтен. Мирна новогодишна ноќ е оценката на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за изминатото деноноќие.
Полни раце работа имале пазарните инспектори и провериле 288 угостителски објекти дали до 18 часот ставиле клуч на вратите. Најдрските угостители и гости напаѓале и полицајци.
Иако кратко до 18 часот во кафеана и не повеќе од 4-ца на една прослава дома сепак десетмина граѓани настрадале и завршиле во урегентниот центар. Без серизони хирушки интервнеции и ниту една сообраќајна несреќа, лекарите ја одбележаа една од најмирните новгодишни прослави со дури четирипати помалку повредени. Најмладите поминале најлошо. Испиле најмногу алкохол и побарале помош на токсикологија.
Најчудната и под протоколи и забрани прослава заради панедмијата од корона вирусот удри и по џебот на граѓаните. Несовесни биле 322- ца, а ќе платат казни заради не носење заштина маска на отворено.
Павле Беловски
